Холанѓаните ја чуваат теоријата, но Шведска им ги мати плановите

Фудбалската репрезентација на Холандија ја совлада Бугарија со 3-1 и ги задржа теоретските шанси за пласман на мундијалот во Русија. Но, во групата А победи и Шведска, и тоа убедливо со 0-4 на гостувањето во Белорусија и се наоѓа на првото место на табелата со 16 бода. Французите вечерва ќе го пречекаат Луксембург на домашен терен.

Двоен стрелец за „лалињата“ беше Пропер, а и Арјен Робен се запиша меѓу стрелците. За Бугарија стрелаше Костадинов.

All Goals HD Netherlands 3 – 1 Bulgaria 03.09… by MixxiTV1

Форсберг, Ниман, Берг и Гранквист од пенал ја урнаа Белорусија на гости и донесоа убедлив триумф за Швеѓаните.

квалификации за СП 2018 – резултати

Група А: Белорусија – Шведска 0-4, Холандија – Бугарија 3-1

Група Б: Фарски Острови – Андора 1-0

Група Х: Естонија – Кипар 1-0

Се вчитува...