Холанѓанката Ирене Скоутен е освојувачка на златниот медал во брзо лизгање на 3000 метри. Таа го освои златниот медал со време од 3:56.93 минути што е нов олимписки рекорд. Среброто и припадна на Франческа Лолобриџида која доцнеше 1.13 секунда зад времето на победничката.
Со бронзениот медал се закити Изабеле Вејдеман која доцнеше 1.71 секунда зад времето на победничката. Легендарната чешка лизгачка Мартина Сабликова на крајот заврши четврта и остана без медал.
Topper @schoutenirene !! #Goud! 🥇 pic.twitter.com/lB0YhqbQOt
— Arie (@HorssenArie) February 5, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА