Холанѓанките на мегдан со САД во финалето на СП за жени

Фудбалската репрезентација на Холандија е вториот финалист на Светското првенство за жени. Актуелниот европски првак Холандија во финалето ќе го предизвика актуелниот светски првак, селекцијата на САД. Во драматичен полуфинален дуел, Холанѓанките успеаја да ја совладаат Шведска со 1-0 по продолженија.

Победничкиот гол беше дело на Џеки Гроенен во 99.минута од мечот. Таа со удар од 25 метри успеа да ја затресе мрежата на Шведска.

Во првиот полуфинален дуел, селекцијата на САД ја совлада Англија со 2-1.

Се вчитува...