Женската фудбалска репрезентација на Холандија е нов европски првак во фудбал, откако во големото финале ја совлада Данска со 4-2. Холанѓанките беа супериорни во текот на целиот шампионат и со максимални шест победи стигнаа до круната. Фудбалерките на Данска во четвртфиналето ја совладаа Германија, која беше бранител на трофејот, но потклекнаа на последната пречка. Сепак, Холанѓанките покажаа дека во моментов се најквалитетна селекција, а ја искористија и поддршката од домашната публика на Европското првенство.
Надим од пенал ја доведе Данска во водство во шестата минута, но само четири минути подоцна Миедам израмни на 1-1. Мартенс и донесе предност на Холандија, но Данска возврати повторно уште во првиот дел преку Хардер.
Сепак, второто полувреме им припадна на Холанѓанките, кои со головите на Спитсе и на Миедема стигнаа до конечен триумф од 4-2 и станаа нови европски првенки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА