Хaлер доаѓа во Борусија Дортмунд за сума од 40 милиони евра

Борусија Дортмунд остана без својот најдобар фудбалер, Ерлинг Халанд. „Милионерите“ веќе ја договорија замената за неверојатниот норвешки фудбалер. Се работи за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Себастијан Хaлер.

Дортмунд на Ајакс ќе му плати 40 милиони евра за одличниот напаѓач, пренесуваат германските медиуми. Хaлер веќе беше дел од Бундеслигата каде настапуваше за Ајнтрахт Франкфурт. Покрај Ајакс и Ајнтрахт тој беше дел и од Вест Хем, Утрехт и Оксер.

Тој ќе биде второ засилување за нападот на Борусија Дортмунд, по доаѓањето на Адејеми од таборот на Салцбург.

Се вчитува...