Холгер Руне без борба до трето коло на Индијан Велс

Данскиот тенисер без да одигра ниту минута се пласираше во третото коло на првиот Мастерс 1000 турнир во сезоната во Индијан Велс.

Данецот откако беше слободен во првото коло, во втората рунда требаше да се сретне со искусниот Канаѓанец, Милош Раониќ, но сепак поранешниот финалист од Вимблдон одлучи да не се појави на теренот и да предаде без борба.

Раониќ во воведното коло требаше да игра против Рафаел Надал, но откако легендарниот Шпанец се откажа поради повреда, тој славеше против индискиот квалификант Нагал.

Руне во 3. коло за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Лоренцо Музети од Италија и Денис Шаповалов од Канада.

Се вчитува...