Евандер Холифилд, поранешен шампион во бокс во тешка категорија, верува во нова третата борба против Мајк Тајсон, 23 години откако се бореа последен пат.
Холифилд беше подобар и во двете досегашни борби со „челичниот Мајк“. Во ноември 1996 година, тој го совлада Тајсон со технички нокаут, а половина година подоцна договорија реванш, што донесе спектакл и борба која остана меморирана како една од најпознатите во историјата на боксот. Во тој меч, Тајсон беше дисквалификуван откако во третата рунда го изгриза увото на Холифилд.
“Имавме разговор и верувам дека наскоро ќе договориме борба. Го охрабрувам Тајсон, ајде да одиме на нов бокс меч. Едноставно, ајде да го сториме тоа”, изјави 58-годишниот Холифилд за ТМЗ.
Да потсетиме, 54-годишниот Тајсон се бореше во добротворен бокс меч против Рој Џонсон кон крајот на ноември, што беше негово враќање во рингот после 15 години. За разлика од Мајк, Холифилд не се борел повеќе од 11 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА