Холифилд за Тајсон: Не можам јас да молам некого што двапати сум го победил

Ивандер Холифилд и Мајк Тајсон во ист период објавија дека се подготвени за враќање во рингот, па логично беше да се претпостави дека ќе се разговара и за нивна меѓусебна борба. Холифилд би прифатил повторно да влезе во ринг со Тајсон, но го „пецна“ големиот ривал истакнувајќи дека никако не може да се случи тој самиот да побара ваква мега-пресметка.

„Борбата е возможна, но само ако тој сака и побара такво нешто. Па не можам јас да молам некого што двапати сум го победил, така ќе излезам како насилник што сака пак да го истепа истиот човек“, изјави Холифилд.

Ивандер Холифилд во 1996 годин го одзеде шампионскиот појас на Тајсон со технички нокаут во 11. рунда, а една година подоцна нивната борба беше прекината, а Холифилд доби „службена победа“ откако Тајсон му изгриза дел од увото.

Се вчитува...