Холивудски актер му ја зеде вереницата на Кличко

Владимир Кличко се раздели од актерката Хејден Пенетиер со која беа девет години во врска и ја имаат ќерката Каја. Набрзо по разделбата и неполн месец по заедничкиот семеен одмор во Грција, папараците ја „уловија“ 28-годишната Хејден во романтично издание со нејзината нова љубов. Станува збор за малку познатиот актер Брајан Хикерсон кој се уште се пробива во холивудскиот свет, но брзо успеа да го заземе местото на славниот боксер.

Поранешната вереница на Кличко и нејзиното ново момче беа снимени како се држат за рака и насмеани излегуваат од една забава во Холивуд. Хајден се појави боса на асфалтот и фотографите ги почести и со еден краток танц со својот придружник.

Во исто време 42-годишниот Владимир Кличко го поминува времето меѓу Европа и Флорида и се грижи за четиригодишната Каја која е со неговото семејство. Мајката на Хајден, поранешна актерка од американските „сапунски серии“ ијави дека нејзината ќерка и Кличко и после разделбата се во добри односи.

Украинскиот боксер и 14 години помладата американска актерка се запознале во 2009 година, а во 2013 година се вериле, но никогаш не стапија во брак. Една година подоцна им се роди ќерката Каја. Но, тогаш почнаа и нивните проблеми. Хајден западнала во тешка постпородилна депресија и завршила на лекување во специјализирана клиника во САД.

Гласините дека има „проблеми во рајот“ меѓу славната двојка се појавија минатата година кога беше забележано дека Хајден повеќе не го носи вереничкиот прстен. Но, актерката тогаш тврдеше дека тоа нема врска со нивните односи.

„Ако недостасува прстенот, не значи дека е крај на врската. Благословена сум да бидам со моето прекрасно семејство“ – напиша тогаш Хајден на својот профил.

Се вчитува...