Холивудски трач: Оваа актерка му го сврте умот на Лука Дончиќ?!

Лука Дончиќ самиот ја потврди разделбата од долгогодишната девојка Анамарија Голтес, со која кошаркарскиот суперстар сега води битка за старателство на нивните две деца.

Неофицијално, неверство на  кошаркарот е причината поради која Aнамарија уште пред крајот на бременоста со втората ќерка се вратила назад во Словенија, а сега не му дозволува на Лука да има било каков контакт со децата.

Американските таблоиди се надоврзаа на оваа приказна, шпекулирајќи дека „вината“ за раскинот на кошаркарот и долгогодишната девојка лежи во американкската актерка Медлин Клајн.

Оваа 29 годишна убавица живее во Лос Анџелес, а таблоидите тврдат дека во изминатите два месеца била неколку пати видена во друштво на Дончиќ, подгревајќи ги шпекулациите дека станува збор за врска што е се посериозна како што одминува времето.

„Медлин Клајн е ѕвезда на ТВ серијата „Outer Banks“ која трае веќе подолго време, а беше дел и од филмскиот хит „Glass Onion: A Knives Out Mystery“ од 2022 година.

Се вчитува...