Партнерот на Ред бул и на Алфа Таури, Хонда на крајото д 2021 година ја напушта Формула 1. Ова значи дека овие два тима остануваат без соработник за мотори, а Ф1 ќе биде само со три компании за мотори. Од Хонда објаснуваат дека одлуката се должи на трансформацијата на автомобилската индустрија која се одалечува од моторите на внатрешно согорување.
Хонда се врати во Ф1 во 2015 година и мина три сезони мачејќи се со Мекларен кај кој ниту болидот ниту моторот не беа на потребното натпреварувачко ниво. Потоа компанијата се префрли на „помладиот“ тим на Ред Бул, Торо росо, а во 2019 почна да работи и со Ред Бул и заедно имаат пет победи во минатите две години. Но, посотјано се далеку од вистински предизвик за шампионскиот тим на Мерцедес кој годинава е уште подоминантен во однос на претходните.
Одлуката на Хонда го става Ред Бул во тешка позиција од однос на снабавувачот на мотор. Мерцедес веќе снабдува три тима паралелно со нивниот, Мекларен, Рејсин Поинт и Вилијамс и претходно одби да биде снабдувач за Ред Бул. Ред Бул неславно се раздели со Рено и тешко дека може да има помирување. Ферари покрај својот ги снабдува и Хас и Алфа Ромео.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА