Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на нации А во КОНКАКАФ, Хондурас го совлада Мексико со 2-0.
Херој на домашниот тим беше играчот на Селтик, Луис Палма, кој ги постигна двата гола. Целиот негов прекрасен настап против Мексико остана во сенка на инцидент на крајот од натпреварот. Селекторот на Мексико, Хавиер Агире тргна кон селекторот на Хондурас, Реиналдо Руеда за да му подаде рака и да му честита на победата. Но, на пат до таму, полна лименка го удри од трибините во главата по што се раскрвари.
Полицијата брзо го открила виновникот, водачот на „Бара Катрача“ навивачка група од Хондурас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА