Хорхе Лоренцо прави кам-бек во Мото ГП – Шпанецот ќе вози на Каталуња

Иако на Големата награда на Шпанија која се возеше во Валенсија минатата година, Хорхе Лоренцо објави дека заминува во пензија, петкратниот шампион се враќа во Мото ГП. Тимот на Монстер Јамаха објави дека нивниот тест возач ќе добие специјална покана за големата награда на Каталонија која на програмата е во јуни месец.

„Размислував неколку дена и вчера одлучив дека ќе се натпреварувам на Големата награда на Каталонија. Многу се радувам. Се гледаме во Барселона“, порача Хорхе Лоренцо. 

Големата награда на Каталонија ќе се вози на 7. јуни на патеката Каталуња.

 

 

Се вчитува...