Шпанскиот возач Хорхе Мартин е победник на првата спринт-трка сезонава во кралската класа во Мото ГП шампионатот. Возачот на Прамак рејсинг од самиот старт водеше во трката и во ниту еден момент не им дозволи на противниците да го загрозат неговото прво место.
На второто место изненадувачки заврши Бред Биндер на КТМ, додека подиумот го надополни Алеиш Еспаргаро Априлија. Актуелниот шампион Франческо Бањаја заврши на четвртото место, додека во својата прва трка на Дукати, Марк Маркез беше петти.
Во топ 10 уште се најдоа и: Бастианини, Алекс Марекз, Акоста, Вињалес и Милер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА