Хорхе Мартин се здоби со сериозна повреда во Јапонија (ВИДЕО)

Хорхе Мартин доживеа поместена фрактура на клучната коска по судирот со Марко Безеки во спринтот за Големата награда на Јапонија. Стартувајќи од 17-то место, Мартин агресивно влезе во првата кривина и се обиде да претекне од внатрешната страна при сопирање.

Сепак, тој ја изгубил контролата врз својот мотоцикл RS-GP додека се приближувал кон групата пред него. Потоа неговото тело удрило во страната на мотоциклот на Марко Безеки, поради што двајцата завршиле надвор од патеката.

Двајцата возачи успеаја да станат и да ја напуштат патеката со помош на стјуардите, но Мартин веднаш почна да се држи за рамото. По лекарските прегледи е одлучено да се оперира во понеделник, по што веднаш се врати во Шпанија. Безеки помина со полесни повреди.

Се вчитува...