Хорхе Сампаоли е нов тренер на Атлетико Минеиро

Поранешниот селектор на Аргентина и Чиле, Хорхе Сампаоли пронајде нов тренерски ангжман. Сампаоли тренерската кариера ќе ја продолжи во Бразил откако го преземе Атлетико Минеиро од Бело Хоризонте.

„Потврдено е, Хорхе Сампаоли е нашиот нов тренер“, соопшти претседателот на клубот Серхио Цете Камара. 

Аргентинскиот стратег најголемиот успех во кариерата го остварти на клупата на Чиле со која ја освои Копа Америка, а беше и на чело на Аргентина. Во Европа седеше на клупата на Севилја.

Се вчитува...