Kaко што најави ЕКИПА.МК пред неколку месеци, ракометарот на двократниот европски шампион РК Вардар, Дмитро Хориха доби македонски пасош, што значи дека сега ќе настапува како домашен ракометар во скопската екипа.
Иако тој доби македонски пасош, се уште не е сигурно дека во иднина ќе може да настапува за репрезентацијата на Македонија, бидејќи ќе мора да се добие одобрение од ЕХФ. Сепак, прашање е дали во моментов кога репрезентацијата добива ветер во грб има потреба да се враќаме десет години назад со натурализирање странски ракометари.
Македонија ја финишираше болната фаза на смена на генерации успевајќи притоа да одржи континуитет од настапи на големите натпреварувања. Алкалоид и Е. Пелистер направија вистински потег во клупските политики, давајќи им шанса на македонските играчи да влезат во ритам за сметка на странците, а од тоа дефинитивно профитираше репрезентацијата која се покажа во одлично светло на последниот мундијал во Вараждин.
Ризикот е голем, со еден ваков потег да се наруши хармонијата во националниот тим и тимскиот дух што беше на највисоко ниво во јануари годинава.
Сепак на крајот одлуката е на новото раководство на РФМ на чело со претседателот Александар Стефанов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

