Хорнер ќе добие 66 милиони фунти за отказот од Ред Бул

Кристијан Хорнер ќе добие 66 милиони фунти од Ред Бул. Поранешниот директор на тимот на Ред Бул во Формула 1, Кристијан Хорнер, би можел да добие 66 милиони фунти од компанијата поради неговото отпуштање пет и пол години пред истекот на договорот. Хорнер беше отпуштен во средата по 20 години во Ред Бул во кои освои осум титули во конкуренција на возачи и шест титули во конкуренција на конструктори.

Компанијата Ред Бул ќе му плати на Хорнер за да ја прекине соработката што е можно поскоро. Адвокатите на Хорнер разговараат со претставници на компанијата за надомест бидејќи договорот на Хорнер траеше до 2030 година.

Според најновите извештаи, откако доби зголемување на платата од 11 проценти во 2023 година кога го потпиша својот нов договор, годишната плата на Хорнер се зголеми од 8,04 милиони фунти на 8,92 милиони фунти.

Сепак, се верува дека таа сума дополнително се зголемила по освојувањето на титулата минатата година, при што некои проценуваат дека изнесува 12 милиони фунти.

Адвокатите веројатно ќе инсистираат преостанатиот дел од договорот да биде целосно платен, а Хорнер би можел да добие 66 милиони фунти.

Се вчитува...