Хорнер: Макс нема да има најдобар дочек во Мексико

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, нема да има топло добредојде на трката за големата награда  на Мексико.

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, откри дека навивачите на Серхио Перез не се пријателски расположени кон трикратниот светски шампион.

Во тимот кој ја освои титулата кај конструкторите моментално нема добри односи меѓу возачите, додека се почесто се зборува за заминување на доктор Хелмут Марко од тимот.

„Мислам дека Макс нема да го добие најтоплото добредојде во Мексико. Тоа е нормално некогаш си позитивец, некогаш си негативец.  Целосно го поддржувам Чеко, сакаме да се натпреваруваме во Мексико, ги сакаме мексиканските навивачи, страста таму е единствена и затоа, едвај чекаме да започнеме викендот“, рече Хорнер.

Се вчитува...