Мексиканецот Серхио Перез ќе остане во Ред Бул, потврди австрискиот тимски шеф Кристијан Хорнер, пренесува холандски „Телеграф“.
„Чеко останува возач на Ред Бул, без оглед на неодамнешните шпекулации. Со нетрпение очекуваме да ги гледаме неговите возења по летната пауза на патеките каде што порано се истакнуваше“, изјави Хорнер.
Перез оваа сезона не се прослави со освоени само 28 бода на последните осум трки. Во исто толку викенди, трикратниот последователен шампион Макс Ферстапен освои 141 поен. Во конкуренција на конструктори Ред Бул има 408 поени, додека сериозно им се доближи Мекларен со 366.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА