Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер тој истакна дека се уште жали што еден возач не влегол во нивната развојна програма. Станува збор за Оскар Пјастри, кој со Алпин освои титули во Формула 3 и Формула 2, а моментално е резервен возач зад Фернандо Алонсо и Естебан Окон.
Речиси е сигурно дека Пиастри следната сезона ќе вози за тимот на Мекларен наместо Даниел Рикиардо.
„Се уште страдам поради Пјастри. Имавме шанса да го земеме, но не ја искористивме таа опција. Тој е феноменален возач, како што покажа со триумфите во Формула 3 и Формула 2. Едвај чекам да го видам во Формула 1. Ќе има голем притисок во Мекларен, но тоа се ситуациите каде што се покажува квалитетот. Верувам дека ќе има многу успеси“, изјави Хорнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА