Кристијан Хорнер официјално го напушти Ред Бул откако беше постигнат договор за раскин на договорот и отпремнина вредна 60 милиони евра, јавува Би-би-си.
Британецот (51) е на чело на тимот од неговото основање во 2005 година и во тој период го предводеше тимот до осум шампионски титули во конкуренција на возачи и шест во конкуренција на конструктори. Имаше годишна плата од 12 милиони евра, а договорот му беше со важност до 2030 година.
Ред Бул на 9. јули објави дека Хорнер е „ослободен од оперативните должности“, одлука по турбулентните 18 месеци во кои тој беше обвинет за сексуално вознемирување од вработена.
Обвиненијата, кои станаа јавни во февруари 2024 година, беа отфрлени од Хорнер двапати – прво по внатрешна истрага, а потоа по жалба поднесена од обвинителот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

