Почетокот на новата сезона во Формула 1 ја продолжи доминацијата на Ред Бул. Макс Ферстапен и Серхио Перез имаа „еден-два“ победа во првите две трки од сезоната со што го подигна незадоволството на Луис Хамилтон ниво погоре. Британскиот возач се чини дека и оваа сезона нема да биде во комбинација за светски рекорд па се почести се гласините и за негово заминување од Мерцедес.
Шефот на британскиот тим, Тото Волф изјави дека ќе го разбере Хамилтон доколку замине во тим кој се бори за титула, но неговиот колега од Ред Бул, Кристијан Хорнер ги демантираше гласините за негов премин во тимот.
„Никој не може да парира во поглед на успесите на Луис. Сепак ние сме среќни со нашата возачка постава е составена од Макс Ферстапен и Серхио Перез. Посветени се и тие на оваа и следната сезона. Не гледам како би можеле да направиме простор за Хамилтон во нашиот тим. Верувам дека Мерцедес ќе ги реши проблеми со кои се среќава, не смееме да ги отпишеме за сезоната“, вели Хорнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА