Хорор: Донарума и сопругата соблечени и ограбени, штетата е над 500.000 евра

Џанлуиџи Донарума и неговата сопруга преживеаја вистински хорор во нивниот дом во Париз, откако вооружени крадци влегле во куќата каде што живее голманот на ПСЖ.

Криминалците најпрвин ги соблекле и ги врзале италијанскиот голман и неговата сопруга, по што го демолирале домот, наоѓајќи бројни вредни предмети што ги земале со себе. Откако тие си заминале, Донарума успеал да побегне до ексклузивен хотел што се наоѓа во близина на куќата, од каде била повикана полиција.

Голманот и неговата сопруга веднаш биле префрлени во болница, каде за среќа не биле констатирани посериозни повреди. Криминалците се уште се во бегство, а првичните проценки велат дека штетата изнесува над 500.000 евра (украдени предмети плус демолирање на дел од куќата).

Се вчитува...