Хорор: Хулигани во Мостар претепаа мајка и син (ВИДЕО)

Вистински ужас синоќа во Бишче поле кај Мостар со напад од страна на хулигани-навивачи на мајка и син и кои буквално биле претепани среде раскрсница.

Според босанските медиуми, нападнатото момче носело маица со ознаки на навивачката група Зрињски, поради што наводно навивачи на ривалскиот Вележ го пресретнале додека бил заедно со неговата мајка и физички ги нападнале.

Инцидентот се случил по натпреварот меѓу Зрињски и Астон Вила (1-1) во Конференциската лига. Претходно, и навивач на Астон Вила беше нападнат во центарот на Мостар.

Се вчитува...