Хорор: Озил промаши зицер, па заработи тешка повреда

Почетокот на авантурата на Месут Озил во тимот на Фенербахче се претвори во вистински кошмар на дуелот со Анталија, откако германскиот интернационалец најпрвин промаши зицер во првото полувреме, за во вториот дел да заработи тешка повреда на скочниот зглоб.

Озил настапи на сите натпревари на Фенер по трансферот од Арсенал, но не само што поранешниот „топчија“ нема гол ниту асистенција, туку и тимот влезе во серија на слаби резултати. Месут мораше на носилки да го напушти стадионот по синоќешниот меч, а деталните прегледи покажаа делумно кинење на лигаментите на скочниот зглоб и огромен оток во пределот на повредата.

Се уште е неизвесно дали Месут Озил ќе може да се врати на терените до крајот на сезонава, но јасно е дека неговото отсуство ќе претставува сериозен удар за шампионските амбиции на Фенер. „Сино-жолтите“ моментно се наоѓаат на третото место во турското првенство, со два бода заостанување зад Бешикташ и Галатасарај (Бешикташ има и меч помалку).

Се вчитува...