Хорор повреда на Алперен Шенгун (ВИДЕО)

Турскиот интернационалец од редовите на Хјустон Рокетс, Алперен Шенгун заработи тешка повреда на натпреварот против Сакраменто на помалку од минута до крајот на средбата.

Во обид да го блокира литванскиот центар Домантас Сабонис, Турчинот имаше лош скок по што веднаш се фати за десната нога и мораше да биде изнесен надвор од теренот со помош на инвалидска количка.

Шенгун кој ја игра најдобрата сезона во НБА бележејќи просек од 21.2 поени, 9.4 скокови и 5.0 асистенции денеска ќе помине низ низа на тестови кои ќе одредат за каква сериозност на повреда станува збор.

Се вчитува...