Фудбалерот на англискиот прволигаш Хадерсфилд, Арон Мој се „пофали“ со својата исеченица на коленото која ја заработи изминатиов викенд во победата против Бурнемаут.
Австралијанецот прво учествуваше во голеадата од 4-1 против тимот на Еди Хов, но на петнаесетина минути до крајот на средбата мораше да излезе по остриот старт на Луис Кук. Мој потоа беше изнесен на носилки, а неколку дена подоцна одлучи да ја сподели состојбата на неговата повреда. „Заработи“ дури седум конци на левото колено, но за среќа помина без поголеми последици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА