Хорор повреда на Руне, го чека долга пауза од тенисот

Холгер Руне го очекува долга пауза од тениските терени по тешката повреда што данскиот тенисер ја заработи на полуфиналето од турнирот во Стокхолм против Уго Умбер.

Данецот имаше предност од 1-0 во сетови, се играше 2-2 во вториот сет кога стана јасно дека проблемот е сериозен, а Руне му соопшти на физиотерапевтот дека мисли дека ја скинал тетивата.

Тој воопшто не можеше да гази на левата нога и мораше со помош да го напушти теренот, за утрово да бидат потврдени црните прогнози.

„Точно е, Руне ја скина тетивата и го чека пауза од најмалку шест месеци. Треба да се направи уште едно снимање и тогаш ќе се знае дали е неопходна операција“, изјави мајката на Холгер, Анеке Руне, кој исто така е и менаџерска на најдобриот дански тенисер.

Се вчитува...