Хорор глетка во Русија: Лекарите на терен го оживуваа Србинот Јевтиќ… (ВИДЕО)

Фудбалерот на рускиот Рубин Казан, Србинот Дарко Јевтиќ доживеа тешка повреда за време на натпреварот против СКА во Купот на Русија.

Несреќниот фудбалер доби удар со лакт во главата при еден дуел со противничкиот дефанзивец, Владислав Брагин. Во прв момент се чинеше дека лекарскиот тим брзо ќе ја санира неговата повреда, но набрзо по обидот да се исправи Јевтиќ падна во несвест губејќи крв, па лекарските тимови го оживуваа на терен.

Веднаш беше транспортиран потоа во клиничкиот центар, а Рубин по натпреварот соопшти дека доживеал тежок потрес на мозокот, но сега, за среќа, се е во најдобар ред со Јевтиќ, кој има и швајцарско државјанство.

Се вчитува...