Белгискиот интернационалец Мичи Батшуаи заработи сериозна повреда на левиот скочен зглоб на денешниот дерби натпревар од Бундес-лигата против Шалке 04. На самиот крај од мечот, во 92.минута, тој се здоби со скршеница на глуждот и го очекува долга пауза од фудбалските терени. Речиси сигурно ќе го пропушти и Светското првенство во Русија.
Батшуаи остана како покосен на теренот по еден дуел со Бенјамин Стамбули, кој со целото тело падна на скочниот зглоб на неговата лева нога. По ова, фудбалерот беше изнесен на носилки од теренот, а првичните информации воопшто не се позитивни. Деталните лекарски прегледи ќе бидат извршени во текот на утрешниот ден, по што ќе биде познат и начинот на кој ќе биде лекувана сериозната повреда на напаѓачот на „милионерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА