Хорор повреда за познатиот скијач: Ги скинал лигаментите и на двете колена

Скијачот во спуст, Јосуа Метлер (26) тешко ги повреди двете колена за време на неговиот тренинг пад на патеката Стелвио во Бормио (Италија) минатиот петок. Ова го соопшти швајцарското здружение Swiss-Ski еден ден по падот.

„Истражувањата во клиниката Хирсланден во Цирих открија практично идентична повреда на двете колена – кинење на предниот вкрстен лигамент, кинење на ледијалниот гамент и медијалниот менискус“, стои во соопштението на здружението.

Швајцарецот падна на патеката, но во прв момент не се веруваше на некоја посериозна повреда, со оглед дека ги извозил последните делови до целта. Сепак, по падот се пожалил на згоелмена болка во колената.

Се вчитува...