Хорор-сцена во САД: Фудбалер се сруши и почина среде меч

Хорор-сцена во САД. За време на фудбалски натпревар прерано почина младиот играч во американскиот фудбал, Емануел Антви. Средношколецот од Сакраменто предизвика солзи и неверување кај соиграчите, откако се срушил среде натпревар на својот тим, а набрзо потоа починал во болница.

Антви бил ученик на „Џон Ф. Кенеди“ средното училиште за чија екипа и настапувал.

Според очевидци, несреќното момче колабирало за време на првиот натпревар од новата сезона, по што веднаш му била укажана брза помош и итно бил пренесен во болница, но за жал лекарите не успеале да го спасат…

 

Се вчитува...