Хорор сцени на вечното дерби во Белград: Жесток судир меѓу навивачите (ФОТО)

Црвена Звезда и Партизан го одиграа синоќа на стадионот „Рајко Митиќ“ меѓусебното 157. дерби во кое „црвено-белите“ славеа со 2-1.

Но, без сомнение, повторно фокусот на јавноста беше насочен кон „хорор“ случувањата на трибините каде се судрија двете навивачки групи меѓу кои интервенираше и полицијата.

Наводно, повод за судирите на Западната трибина бил балон во облик на полов орган со кој навивачите на Партизан возвратиле на провокациите од домашните навивачи.

Па, во жестоките судири не беа поштедени ниту мали дечиња кои со свои родители, кои се обидуваа да ги заштитат, се најдоа меѓу двете навивачки групи…

 

Се вчитува...