Хорор сцени од Романија: Српски фудбалер брутално нокаутиран, го оживуваа на терен (ВИДЕО)

Хорор сцени од романскиот шампионат, од дербито меѓу Динамо Букурешт и Стеауа. Динамо славеше со 2-1, а мечот дефинитивно ќе остане запаметен по случајот пред крајот на првото полувреме.

Фудбалерот на Динамо, Славко Перовиќ доби жесток удар со копачка во глава од страна на противничкиот фудбалер Кристеа, и веднаш падна како покосен на тревникот.

Играчите и лекарските служби веднаш притрчаа да му помогнат на Перовиќ кој ја загуби свеста. Неколку минути траеше помошта пред српскиот фудбалер повторно да се освести. Србинот веднаш беше префрлен во болница, во очекување денеска и на подетални информации за неговата здравствена состојба….

Се вчитува...