Како по обичај, повторно неверојатно сцени доаѓаат од фудбалските натпревари од Јужна Америка. Овој пат од Аргентина каде на дуелот меѓу Посадас и Спортинг дојде до инцидент во кој најдебелиот крај го извлече судијата Габриел Кортинез.
При резултат 3-1 за домашните, Кортинез покажа втор жолт картон и исклучување за еден гостински фудбалер воопшто не насетувајќи дека потоа ќе мора да спасува жива глава. Соиграч на исклучениот фудбалер почна да го удира со боксови по глава па судијата облеан во крв падна во бессознание.
Според пишувањето на аргентинските медиуми, дополнителен проблем било што на мечот од понизок ранг воопшто немало присутно возило на Брза помош, кое потоа се чекало еден час да пристигне…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА