Насилни вооружени ограбувачи го ограбиле во понеделникот вечер голманот на ПСЖ, Александ Летелие. „Ле Паризиен“ пишува дека 33-годишниот голман бил нападнат во својот дом во Ивелинес, а ограбувачите со нож се заканувале на неговата сопруга и децата од две и од шест години.
Несреќната жена наводно добила и удар по лицето, додека во прегратки го држела двегодишното дете, и и се заканувале со смрт пред Летелие да ги прадеде сите пари и накитот. Децата не биле жртви на насилството.
Во грабежот учествувале четири лица, од кои три биле приведени, а две биле малолетници. Еден од ограбувачите се обидел да избега до скок од балкон, но полицијата го сопрела со електрошокер. Во акцијата еден полицаец бил повреден.
Летелие и семејството ги разбудил алармот во 2 часот наутро, откако ограбувачите влегле во нивниот двор, а потоа и во куќата. Сопствениците се обиделе да контактираат со полицијата, но криминалците не им дозволиле. Сепак, полицијата била ефикасна и брзо ги пронајде напаѓачите. Двајца од нив имаат само 16 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА