Хорор во Ливерпул: Автомобил влета во толпа која ја славеше титулата на „црвените“ (ВИДЕО)

Новиот шампион во англиската Премиерлига, Ливерпул денеска со парада го прослави трофејот број 20 во елитниот англиски фудбал.

Илјадници луѓе очекувано беа на улиците на Ливерпул. Песна, факели и пиво беше главното обележје во градот на „Битлси“, но сето тоа го прекина немил настан.

Имено, додека навивачите на клубот беа на улиците на Ливерпул, во дел од нив влезе автомобил кој со полна брзина удри десетина навивачи на „црвените“.

Човекот веднаш бил уапсен, а на лице место во моментов се сите служби за итна помош. На местото на настанот пристигнале бројни возила на брза помош, а биле подигнати и шатори. Наводно, неколку лица се повредени.

 

Се вчитува...