Хорор во семејството на младата ѕвезда на Реал Мадрид

Ужасни вести стигнуваат од Бразил, а ги пренесуваат европските медиуми. Зетот на младата ѕвезда на Реал Мадрид, Ендрик, Маурисио Нунеш Гонсалвеш, бил убиен во средата на 25. декември.

Според информациите на медиумите во Бразил, убиството на 38-годишниот маж се случил во близина на бар во главниот град на оваа јужноамериканска земја Бразилија.

Очевидци на настанот откриле дека немало расправија меѓу двете лица, но слушнале осум истрели. Засега медиумите во Бразил не го знаат мотивот на убиецот на зетот на Ендрик.

 

Се вчитува...