Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, се соочува со огромен проблем во пресрет на продолжението на сезоната откако Симон Кјаер заработи тешка повреда на коленото на вчерашното гостување против Џенова.
Данскиот репрезентативец се повреди на самиот почеток од натпреварот, на штаки го напушти стадионот во Џенова, а денешните детални прегледи донесоа лоша вест за „росонерите“ – станува збор за оштетување на лигаментите што ќе може да биде санирано само со хируршки зафат.
Неколку италијанските медиуми објавија дека операцијата врз Кјаер е закажана за утре, а „росонерите“ дури по нејзиното завршување ќе објават колку ќе изнесува паузата на одличниот дефанзивец. неофицијално, Милан ќе мора да се снаоѓа без Кјаер најмалку три месеци, а најлошо сценарио е тој да не може да се врати на терените до крајот на сезонава.
Симон Кјаер потпиша за Милан од редовите на Аталанта во јануари 2020 година и се наметна како еден од клучните фудбалери во тимот на „росонерите“, досега настапувајќи на 72 средби за оваа екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА