За многу кратко време одличната вечер се претвори во кошмар за играчот на Наполи Давид Нереш. Бразилецот бил нападнат со пиштол и ограбен само неколку минути по мечот на Наполи против Парма. Ова се случило во близина на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Во текот на мечот, Нереш беше еден од хероите за пресвртот на Наполи, кој во судиското надополнување со два гола стигна до победата. Најпрво изнуди црвен картон на голманот на Парма, а потоа асистираше и за победничкиот гол.
По победата, фудбалерот со сопругата и детето заминале кон хотелот каде што бил сместен. По пат биле нападнати од насилници. Тие го скршиле прозорецот, и со помош на пиштол ги принудиле да застанат. На крајот му бил украден часовникот „Ролекс“.
David Neres’ car broken into in front of the Diego Armando Maradona stadium after Napoli’s win over Parma.
It’s reported two men on a motorcycle smashed the car windows and robbed him at gun point.pic.twitter.com/U010DiRnv1
— Kyama (@ElijahKyama_) September 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА