Металург има два од два по двете воведни рунди во домашниот ракометен шампионат откако вечерва забележа рутинска победа на гостувањето кај Прилеп од 21-28 во натпревар од конкуренцијата Б. Во текот на целиот натпревар воопшто немаше дилеми околу крајниот исход, Металург беше сигурен и на полувремето, на паузата имаше пет гола позитива (11-16).
Златко Хорват постигна 10 гола во тирумфот, Дарко Кондев и Стефан Додик имаа по четири погодоци. Рустемов и Чантурија беа најефикасни во домашниот состав со по четири гола. Металург со четири бода ја предводи оваа конкуренција додека за Прилеп ова беше прв натпревар сезонава со оглед дека беше слободен во воведното коло.
Еурофарм Пелистер 2 ја забележа првата победа во новата сезона со убедливиот тирумф на домашен терен на составот на Работнички од 35-23. Битолскиот тим имаше предност и на полувремето од 16-12. Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беа Кузманоски со девет и Дрогришки со седум гола, а кај Работнички, Ќосевски постигна шест, а Крстевски и Атанасовски по четири погодоци. Во третото коло в петок, битолчани гостуваат во Богданци, а Работнички го пречекува Прилеп. По двете одиграни кола Работнички има два неуспеха.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА