Златко Хорват го одигра последниот натпревар во дресот на Металург. Тимот од Автокоманда се соочува со многу проблеми годинава, пред се финансиски поради кои загуби голем дел од ракометарите кои пред почетокот на сезоната беа најавувани како големи засилувања.
Вардар ги украде браќата Њокас, а останаа и без искусниот хрватски ракометар Златко Хорват. Токму тој за хрватските медиуми вели дека ситуацијата во клубот од Автокоманда е турбулентна и додава дека се надева дека целата приказна на крај сепак ќе има среќен крај.
„Ситуацијата во Металург не е добра, има многу турбуленции, останавме без некои играчи кои ни беа важни. Но, верувам дека сега кога заминувам, полека ќе почне да се расплетува и дека оваа приказна добро ќе заврши. Ќе се определат за афирмација на младата екипа, тоа ќе биде подолгорочен потфат. Се договоривме спогодбено, веројатно во моментот финансиски им бев товар. Сè помина во добар тон. Искрено, не се сеќавам дека некогаш било вака во Загреб, иако имаше тешки ситуации. Сè уште не сум се договорил со ниту еден клуб. Ниту со Дабаш кој се споменува низ медиумите“, изјави Хорват.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА