Склопувајќи ги коцките на тимот за новата сезона, која се очекува со уште поголеми амбиции, Металург денеска потпиша нов двегодишен договор со хрватскиот репрезентативец Златко Хорват.
Хорват пред една година пристигна како големо засилување за „металурзите“, а сега се одлучи да ја продолжи соработката со првиот човек на клубот, Зорица Блажевска, и за следните две години.
На клупата на Металург, пак, и натаму останува Иван Марковски кој потпиша нов тригодишен договор со клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА