Поранешниот играч на Реал Мадрид, Хоселу призна дека тешко му паднала разделбата со „кралевите“ на крајот на минатата сезона, откако со тимот се закити со трофеј во Ла Лига и во Лигата на шампионите.
Во летото 2024 година шпанскиот голгетер се пресели во Ал-Гарафа.
„Да се збогувам со Реал Мадрид беше најтешкиот момент во мојот живот. Кога ја нјосев одлуката не можев да го слушам моето срце, затоа што ако го сторев тоа ќе останев до крајот на животот. Кога решив да заминам, не разговарав со мојата сопруга. Не можев да разговарам со никого. Беше тешко да му кажам на Анчелоти, тој ми се налути затоа што сакаше да останам. Во првите пет месеци во Катар моите мисли беа во Реал Мадрид. Сега можам да умрам во мир затоа што играв и освоив титули со Реал Мадрид, клубот на мојот живот“, рече Хоселу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

