Хосни и Е. Пелистер продолжуваат заедно и во 2026 година (ФОТО)

Соработката помеѓу Е. Пелистер и Усама Хосни ќе продолжи и во иднина откако битолскиот клуб и десниот бек договорија продолжување на договорот и за сезоната 2025/26.

Усама Хосни минатото лето се врати во Македонија и го облече дресот на македонскиот шампион, по успешната сезона 2022/23, по која за кратко замина од Битола. 32-годишниот Хосни со битолчани има еден освоен шампионат и еден Суперкуп на Македонија. Сезонава во Лигата на шампионите Хосни настапи на 14 натпревари и постигна 24 гола.

Се вчитува...