Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, заврши во болница поради здравствени проблеми.
Како што објавува италијанската „Ла Република“, тренерот на Лацио, Маурицио Сари, бил примен во болница поради влошување на неговата здравствена состојба.
Тој бил хоспитализиран во приватна клиника во Рим, а како што е објавено, набрзо бил пуштен.
„Тренерот Сари се враќа во Формело и, како што е планирано, ќе продолжи со работата во клубот. Утрово тој бил подложен на детален медицински преглед, кој бил поопсежен од тестовите на кои биле подложени играчите во Тренинг центарот“, објави Лацио на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

