Хот: Знаеме каква тежина има дресот на Македонија, ќе го дадеме максимумот…

Амар Хот со успех настапуваше во младинските категории во репрезентативниот дрес, а борбениот крилен центар сега би требало да биде значаен адут и во сениорскиот состав, во претстојните претквалификации за СП 2027.

Во ситуација кога сме сериозно дефицитарни со високи кошаркари во составот, Хот е еден од оние кои би требало да се најдат и на финалниот список за пресметките со селекциите на Романија и на Унгарија.

„Среќен сум што добив повик од селекторот Илиевски. Да се биде дел од македонската репрезентација е сон на секој кошаркар, нема поголем мотив. Точно е дека сме млади кошаркари со скромно искуство на вакви натпревари, но подготвени сме да го дадеме максимумот, прво на тренинзите, а потоа и на мечевите. Мотивирани сме и желни за докажување, знаеме каква тежина има националниот дрес. Сите не гледаат како аутсајдери, но тоа пак треба само да не мотивира. Мора да го дадеме максимумот на секој натпревар и да се бориме. Ги респектираме противниците, но нема да излеземе со бело знаме, напротив треба да покажеме дека не случјано ни е доверена оваа шанса. Останува следниот период да го искористиме за максимална подготовка, а сето она што ќе го договориме – да го спроведеме на терен“, изјави Хот на стартот од овој подготвителен период.

Се вчитува...