Хоуп Соло обвинува: ФИФА е шовинистичка организација

Контроверзната поранешна американска фудбалска репрезентативка, освојувачка на една светска и на две олимписки титули,  Хоуп Соло ја обвини ФИФА за шовинизам. Мотивот за ваквото обвинување е во огромната разлика во паричните награди што Светската организација ги доделува на светските првенства во машка и во женска конкуренција. ФИФА  инаку се пофали дека наградниот фонд од 24 милиони фунти за претстојниот Мундијал за фудбалерки во Франција е двојно поголем од оној во 2015 година. Но, предизвика лавина реакции со оглед дека репрезентациите на ланското Светско првнество во Русија поделија 315 милиони фунти.

„Нема никакво оправдување за ваквото зголемување во денешно време.  Ако сум искрена, ова мене ми покажува дека шовинизмот е длабоко вкоренет во ФИФА“ – вели Соло кој паралелно води и судски процес против Американската фудбалска федерација токму поради нееднаквиот третман на машкиот и женскиот фудбал.

И австралиската унија на играчи води кампања за подобар третман на женскиот фудбал, во писмо до ФИФА велат дека „зголемувањето е срамно“. Поради нерамноправниот третман на женскиот и машкиот фудбал на Мундијалот во Франција во дресот на Норвешка нема да се појави освојувачката на „Златната топка“, Ада Хегерберг кој исто така има спор со матичната федерација на овиe теми.

Светското фудбалско првенство во Франција почнува утре.

 

 

Се вчитува...