Храбра Македонија, но фортуната е на страна на Белгијците (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Белгија има водство од 0-1 против Македонија во натпревар од 3. коло од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Македонија може да жали што има негатива бидејќи одигра храбро и одлично прво полувреме против големиот фаворит.

Белгијците ја имаа првата полушанса во натпреварот откако во 5. минута Алекси Салемакерс биеше од непосредна близина, но неговиот удар заврши далеку од голот на Димитриевски.

Нова полушанса имаа гостите во 13. минута преку Лукаку, но неговиот удар одлично го блокираше Ѓоко Зајков. Нова шанса Белгицјите имаа во 20. минута кога од страна со глава Раскин ја погоди стативата на Столе Димитриевски.

Навалата кон македонскиот гол продолжи и во следниот период. Салемакерс одлично биеше од 20тина метри во 22. минута, но уште подобра беше интервенцијата на Столе Димитриевски кој не дозволи гол за гостите.

Првата убава шанса нашиот тим ја имаше во 24. минута кога капитенот Барди истрча во контра, но неговиот удар го спречи Селс. Нашите продолжија храбро и во следниот период, но фортуната не беше на наша страна откако двапати во иста акција ја погодивме стативата. Прво Елмас, па потоа и Алиоски за разочарување на преполната арена „Тодор Проески“.

И како што налага непишаното фудбалско правило, веднаш следуваше казна. Белгијците поведоа со 0-1 во 28. минута преку Де Кујпер линк. 

До крајот на првиот дел мируваа мрежите, а Белгија на пауза замина со позитива од 0-1.

Се вчитува...